Премер

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ЕТАЖЕН ПРЕМЕР

При премер на згради, посебни и заеднички делови на згради и други објекти се прибираат:
1.просторни 2Д податоци за основата на зградата,
2.описни податоци за внатрешната/отворената површина/волуменот (зафатнината), за намената, за катноста, за бројот на зградата, за бројот на влезот, за бројот на посебниот дел (стан) и за бројот на заедничкиот дел на зградата и
3.податоци за носителите на правата на зградата/објектот.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ПРЕМЕР И ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАРЦЕЛИ

При вршење на премер на катастарската парцела се прибираат:
1.просторни 2Д податоци за границите на катастарската парцела и за основата на зградите/објектите,
2.описни податоци за: број на катастарска парцела, викано место/адреса, катастарска култура и класа и
3.податоци за носителите на правата на катастарската парцела.
Се врши на начин што се премеруваат и обележуваат меѓните точки со кои е дефинирана границата на катастарската парцела.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА НУМЕРИЧКИ ПОДАТОЦИ

Изработка на геодетски елаборат за нумерички податоци за реализација на урбанистички планови и урбанистичко планска документација во постапките за формирaње градежна парцела заради изградба на објект, за дооформување на градежна парцела, за отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште, за откуп на земјиште под објект, за приватизација на градежно земјиште, за обележување на проектирана градба, за експропријација.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА КОНЦЕСИИ, ЗАКУПИ И ПРОМЕНА НА КАТАСТАРСКА КУЛТУРА

Изработка на геодетски елаборат за востановување закуп на земјоделско земјиште, за концесија за експлоатација на минерална суровина, за промена на катастарска култура и класа на земјоделско земјиште.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ФИЗИЧКА ДЕЛБА

Изработка на геодетски елаборат за физичка делба на дворно место, за физичка делба на градежно земјиште, за физичка делба на земјоделско земјиште, за физичка делба на згради, посебни и заеднички делови на згради и други објекти.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА КАТАСТАРСКА ПАРЦЕЛА

Изработка на геодетски елаборат за идентификација на катастарска парцела со увид на лице место без премерување, за идентификација на катастарска парцела со премер и увид на лице место.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА АЖУРИРАНА ГЕОДЕТСКА ПОДЛОГА

Изработка на геодетски елаборат за ажурирана геодетска подлога престатува теренско ажурирање на катастарски план во дигитална форма со веродостоен приказ на постојната состојба на земјиштето, катастарските парцели, градбите и инфраструктурата, со нивелациони коти на теренот и преставува почетна основа за изработка на урбанистички план.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ОТКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Изработка на геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела, а заради отуѓување на државно градежно земјиште.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ПРЕМЕР НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ

При премер на инфраструктурни објекти се прибираат просторни и описни податоци за површински, линиски, точкасти, подземни и надземни инфраструктурни објекти од областа на сообраќајот (копнен, воден и воздушен), подземна или надземна инсталација (вод) и електронски комуникациски средства со сите нивни придружни инсталации.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

Изработка на геодетски елаборат за легализација на бесправно изградени објекти и утврдување на фактичката состојба на бесправниот објект со имотен лист со запишано право за земјиштето на кое е изграден согласно законот за постапување со бесправно изградени објекти.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА БРИШЕЊЕ НА СРУШЕН ОБЈЕКТ

Изработка на геодетски елаборат за бришење на срушен објект од катастарот на недвижности, објект или дел од објект кој на лице место не постои.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА СПОЈУВАЊЕ НА ПАРЦЕЛИ

Изработка на геодетски елаборат за спојување на парцели кои имаат ист носител на право на сопственост, имаат иста катастарска култура и класа, а да претставуваат една функционална целина.

ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ПРОМЕНА НА КУЛТУРА

Изработка на геодетски елаборат за промена на катастарска култура и класа за цела или дел од катастарска парцела, промена на катастарска култура од градежно неизградено земјиште во градежно изградено земјиште и обратно.

© 2023 ГЕО ГЕВ ДООЕЛ. Сите права се задржани.
Овозможено од SajtKreator.com